еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Поради заглавувањето на петтиот пакет во Собрание, околу седум илјади вработени не зеле плата во февруари

На 6.888 вработени не им е исплатена плата во февруари додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати како дел од петтиот антикризен пакет заглавен во Собранието.

Тоа се 10,7 проценти од вкупно доставените 63.948 МПИ пресметки доставени до Управата за јавни приходи (УЈП).

Оттаму апелираат поскоро Собранието да ги донесе законските решенија со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш најавија дека ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата.

– Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира. Онаму каде одредени компании ја чекале финансиската поддршка и очекувале дека навреме ќе ја добијат, а немале средства да исплатат плата, на нив им се доставени опомени.

Телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка.

Онаму каде се утврдени злоупотреби и сме виделе дека и наназад не се исплаќале плати, ќе постапуваме согласно надлежностите за присилна наплата, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Според последните податоци на УЈП од април, вкупно 133 работодавачи не исплатиле плата од минатите антикризни пакети иако им била одобрена државна помош за исплата на плати.

Од нив, 110 работодавачи не исплатиле плата за 1 месец, 18 работодавачи за два месеца и 5 работодавачи не исплатиле плата за три месеца.

Против нив, како што информира Лукаревска, се преземени сите мерки, а во соработка со Државниот инспекторат за труд извршени се и контроли. Контроли се започнати и кај дел од компаниите каде е злоупотребена државната помош за исплата на плати за декември.

За мерките кои се спроведоа преку УЈП како поддршка за стопанството досега се исплатени 135 милиони 344 илјади 918 евра. Обврската за враќање на примената финансиска поддршка е околу 20 милиони евра или 14,5 проценти од вкупната исплатена финансиска поддршка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 714 заболени од Ковид-19

Редакција

25-годишно момче силувало 81-годишна старица од струмичко

Редакција

Црвенковски се произнесе за референдумот и го кажа својот став

Редакција