еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осудениот Африм Исмаиловиќ за случајот „Монструм“ уапсен во Приштина по сообраќајна несреќа

Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, за случајот на петкратното убиство кај Смилковското Езеро пред девет години, е упасен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“.

Африм Исмаиловиќ (Фото:МВР)

Aдвокатот на Исмајловиќ, Бесник Бериша изјави за порталот дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.

„Апсењето се случи вчера во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа.

Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија“, изјави Бериша.

Според него, приведувањето е незаконско, затоа што за истото кривично дело неговиот клиент бил осуден порано и ослободен, додека моментно чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово.

„Вчера го информирав и обвинителот дека се работи за незаконско апсење. Дознав дека предметот од Основното е префрлено во Специјалното обвинителство. Врз основа на оваа потерница порано Исмајловиќ и еден друг граѓанин беа уапсени во Косово, беа приведени, им се судеше и Основниот суд во Приштина, како и Апелација, ја одбија екстрадикцијата.

Од тогаш Исмајловиќ беше слободен во Косово и им подлегна на процедурите за засолнување и азил. Полицаецот бил неинформиран за процедурите на екстрадиција и го известил обвинителот“, изјави Бериша.

Официјални извори од Полицијата на Косово, со писмен одговор до „Газета експрес“, ја потврдија информацијата за приведувањето и притворањето на Исмајловиќ.

„На 1 април, околу 15 чаасот, врз основа на меѓународен налог, е упасено бараното лице, маж, државјанин на Северна Македонија, и истото е пратено во притвор. Случајот ќе се третира согласно предвидените процедури за таквите случаи, во координација со соодветните институции“, соопшти полицијата.

Африм Исмаиловиќ, неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство.

Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15 односно девет години зазтвор. За обвинетиот Сами Љута, се одби обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 година го презеде поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гудиес“ го доби тендерот на МВР за набавка на храна за службените кучиња вреден 114.000 евра

Редакција

Детален преглед: Чаир рекордер по бројот на активни случаи на корона вирусот меѓу скопските општини

Редакција

Филипче: Бројката од саботата за 241 ново дијагностицирани е варијација од кластер во штипска конфекција

Редакција