На 02.04.2021 во 21.35 часот, инспектори во Државниот пазарен инспекторат Тетово извршиле контрола во угостителски објект во с.Порој, тетовско, сопственост на Ш.К. од с.Порој, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време и во него биле затекнати над 20 лица – гости, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, за време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б. од с.Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните.
По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.