еМагазин
Image default
Македонија

Инфективното одделение во Штип се наполни за два дена, 54 лица зависни од кислород

Во штипскиот ковид-центар има слободни места за седум пациенти. Во модуларната болница се хоспитализирани 42, а на Инфективното одделение 53 пациенти. Секојдневно расте бројот на тешки пациенти, на кои им е потребна постојана кислородна поддршка. Во овој центар денеска зависни од кислород се 54 лица.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека Инфективното одделение се наполни за два дена, а таму веќе се ангажирани дополнително лекари специјалисти.

Во ковид-центарот заедно со тројцата инфектолози работат и анестезиолози, интернисти и кардиолози. Во денешниот здравствен билтен забележано е дека во изминатите 24 часа немаат починат пациент.

Ѓеорѓијев апелира граѓаните сериозно да ја сфатат состојбата и да ги почитуваат мерките, бидејќи вирусот брзо се шири, а пациентите на кои им е потребен болнички третман доаѓаат во исклучителна тешка состојба.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Метлата „заигра“ во базата: Заев ги разреши сите претседатели на општинските организации на СДСМ

Редакција

Лилјана Поповска не „плачела“ за датум за преговори со ЕУ

Редакција

Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“

Редакција