Уставниот суд нема донесено програма за работа, не воспоставил внатрешна ревизија, ниту сметководствена евиденција за набавка и издавање материјали, покажува слабости во вршењето на пописот на средства и обврски, а за дел од набавките на стоки и услуги не ги применува одредбите од Законот за јавни набавки.
Ова се заклучоците од конечниот ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија.
„Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“, наведува Државниот завод за ревизија во сублиматот од конечниот извшетај.
Клучните препораки се Уставниот суд да донесе програми за работа и распоред, да врши целосен попис согласно прописите, да евидентира материјали и да набавува стоки и услуги со примена на Законот за јавни набавки.
МИА/Фото: Уставен суд