еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа на Инфективната клиника се примени 10 пациенти заболени од Ковид-19.

Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 94 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Скопјанец почина од Ковид-19, вкупно 722 го загубија животот од вирусот

Нови 141 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Струмица

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кој од коалционите партнери на СДСМ дојде на средба кај Заев

Редакција

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Редакција

Убава вест: Оздравени 356 заразени од Ковид-19, од кои најмногу во Скопје

Редакција