еМагазин
Image default
Локално

Претрес во Крушопек, приведено едно лице за недозволено поседување оржје

На 07.04.2021 околу 08.00 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(26) од с.Крушопек, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, информира МВР.

„Имено, во периодот од 06.00 до 08.00 часот, по добиена наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на М.С. од село Крушопек.

При претресот во домот се пронајдени пиштол и куршум, кои ги поседувал без дозвола. Лицето е приведено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во земјава има 196 јавни паркиралишта

Редакција

Жител на Кочани сакал да нападне полицаец

Редакција

МВР растури приватна забава во викендица во Волково, приведени 29 лица

Редакција