еМагазин
Image default
Македонија

Поглаварите на верските заедници апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат

Премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.

Заклучено е, од средбата да биде испратен заеднички апел на Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, до сите граѓани, за почитување на мерките донесени од страна на Владата.

Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје.

Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека на заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска, бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето.

Заеднички е констатирано дека во овие моменти кога човештвото се соочува со непредвидлив вирус, потребна е разумност од страна на сите верници, бидејќи болеста не избира религии и нации.

На средбата е заеднички оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Покрај во Тетово, и во Лешок третман со кислородна поддршка на заболени од Ковид-19

Редакција

Почна вакцинирањето на населението над 86 години од штипскиот и струмички регион

Редакција

Пропадна уште еден обид на власта и опозицијата да се договорат за законот за Јавно обвинителство 

Редакција