еМагазин
Image default
Македонија

Околу 15.500 граѓани се вакцинирани со „АстраЗенека“ во земјава, засега нема никакви несакани реакции, вели Филипче

Речиси 15.500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со „АстраЗенека“ и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека останува само пријавениот случај на 28-годишната девојка, која имала несакани реакции по вакцинација со оваа вакцина во Србија.

-Близу 15.500 граѓани досега се вакцинирани со „АстраЗенека“ во земјава. Во текот на денот се вакцинирани околу 1.000 и освен таа реакција кај девојката нема друга. Нема никаква несакана реакција официјално пријавена во МАЛМЕД, која бара внимание или значење.

Несакана реакција во смисла на локална реакција која се очекува после вакцината, мало црвенило, болка… не е нешто што би требало да се пријави како ефект или нешто што би било од клиничко значење, изјави министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан за тоа дали медицинските сестри од стоматолошки ординации ќе бидат вакцинирани, министерот за здравство истакна дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи и тие како здравствени работници се на приоритетна листа. Тоа што досега не биле вакцинирани, појасни, можеби се должи на некои техники пропусти.

-Можеби станува збор за некои технички пропусти, но тоа ќе се надмине, бидејќи и тие како здравствени работници се во приоритетна група за вакцинирање, рече министерот за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По ставот на Европската агенција за лекови: Вакцината „АстраЗенека“ во Македонија нема да се дава на лица под 60 години

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30-годишен скопјанец пронајден починат во изнајмен стан во Бујановац

Редакција

Рочишта за случаите „ТНТ“, „Талир 2“ и „Ласкарци“

Редакција

Заев: Нема докази дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција