еМагазин
Image default
Македонија

Четворица починати од Ковид-19 во велешката болница, 55 се на кислородна поддршка

Во велешката Општа болница се хоспитализирани 100 пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата до денеска. Педесет и пет се на кислородна поддршка, што е исто така најголема бројка досега.

Портпаролката на велешката болница, Елеонора Јованова вели дека за жал бројот на пациенти со тешка клиничка слика на Ковид-19 и на кислородна поддршка постојано расте.

Во изминатите 24 часа повторно се сместени ковид-пациент на Физикално одделение, а кое од вчера повторно е ковид-сместувачко одделение и таму сега има четири пациенти. На Инфективно има 46, во Модуларната болница 41 и на Интерно Б крак се седум пациенти.

Починати се четири пациенти, испишани се три пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Црна“ ковид-статистика за Штип: Петмина на возраст од 48 до 79 години го загубија животот од Ковид-19

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени рекордни 2.116 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Притвор и истрага за Љупчо Палевски, првоосомичениот за убиството на Вања и Панче

Редакција

(Видео) Амбасадорката на САД, Кејт Бернс порача дека остануваат многу предизвици, но дека земјата е на пат што ветува

Редакција