Тешко е човек да не се насмее кога се спомнува пругата кон Бугарија, која што еве веќе 20 години ја „градат“ различни владејачки гарнитури предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на МЖ инфрастуктура, Хари Локвенец вчера изјави дека е сигурен дека во негово време ќе биде завршена пругата кон Бугарија. Истото го велеа многу негови претходници, но и министри и премиери.
Дотогаш, Македонија останува една од ретките земји во Европа која нема железничко поврзување со две соседни земји (Бугарија и Албанија).
Главна причина за тоа е бавноста на владејчките политички гарнитури во реализацијата на капиталните инвестиции во железничката инфраструктура.
Имено, со овој проект Македонија слободно може да се кандидира за Гинисовата книга на рекорди, бидејќи се покажа дека изградбата на пругата е научна фантастика за нашите политичари.
Фото: Министерство за транспорт и врски