еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Филмско“ убиство во Атина: Изрешетан познат грчки новинар

Двајца вооружени мотоциклисти вчера го застрелале познатиот грчки новинар Јоргос Карајваз, кој истражуваше криминал, соопшти полицијата.

Караиваз работеше за приватната телевизија Стар ТВ.

Владината портпаролка Аристотелија Пелони рече дека убиството ги шокирало сите.

„Властите веќе почнаа истрага“, рече таа.

Полицијата соопшти дека Караиваз бил застрелан од двајца мотоциклисти, кои испукале повеќе куршуми во близина на неговиот дом во Алимос во јужна Атина.

На местото на настанот се пронајдени дванаесет патрони.

Иако мотивите за пукањето сè уште не се познати, полицијата потврди дека убиството очигледно било внимателно испланирано.

„Ова е професионално убиство“, изјави полициски службеник.

Фото: ТВ Стар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мукаетов: Кризата со Ковид-19 не потсети на огромното значење на домашното производство во стратешки важните индустрии

Редакција

Хотелите во Рим не ги враќаат уплатените средства, туристичките агенции бараат инструкции од државата

Редакција

(Видео) Патики со српски мотиви му поклони Антиќ на Вучиќ

Редакција