еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мукаетов: Кризата со Ковид-19 не потсети на огромното значење на домашното производство во стратешки важните индустрии

Историски гледано, Алкалоид има континуиран раст во изминативе 16 години, вели генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов во интервју за ekonomijaibiznis.mk.

„Ако во 2019 година имавме раст на продажбите од 13 % и нето-добивка од 18 % споредено со 2018 година, во 2020 година истите параметри беа 9 % раст на продажби и 15 % кај нето-добивката.

Уште на почетокот на здравствената криза, ние како индустрија ги намаливме цените на 158 наши производи кои се клучни за потрошувачите во услови на пандемија и покрај енормното покачување на цените на суровините.

Осигуривме континуитет во производството и покрај недостигот на репроматеријали и застојот во транспортните коридори.

Оваа криза сите нас нѐ потсети на огромното значење на домашното производство во стратешки важните индустрии за една држава како што се фармацевтската и прехранбената„, вели тој и додава дека Алкалоид е шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа, со 1.860 вработени во базата во Скопје и 570 во подружниците надвор од Македонија

“Има пласмани во 40 земји во светот и добро распространета маркетиншка мрежа од 20 канцеларии распоредени во 14 земји во светот, која покрива пазар од преку 200 милиони жители.

Акциите на Алкалоид се едни од најтргуваните акции на Македонската берза за хартии од вредност, а друштвото има регистрирани над 5.100 акционери.

Компанијата важи за еден од најголемите плаќачи на данок во државава, со платени даноци кон државава во 2020 година во износ од над 18,25 милиони евра и во моментов има активни 1.130 домашни доставувачи.

Во 2007 година, Алкалоид ја формираше Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за целите на поддршка на македонското здравство и фармација, а вложувањата во македонскиот спорт, културата и генерално во заедниците во кои функционираме се на врвот на листата на наши приоритети“, вели тој.

Целото интервју ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на акцијата на Алкалоид во првите три месеци од годинава стигна до 14.530 денари

За три месеци 58 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 178,8 милиони денари

„Алкалоид“ за три месеци ја зголеми добивката за 12%

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.433 денари убедливо на врвот

Редакција

Притвор за дадилката која тепеше дете во игротека

Редакција

Кај две фирми завршиле 91% од парите за новогодишно украсување на македонските општини

Редакција