еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Алкалоид“ за три месеци ја зголеми добивката за 12%

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-март 2021 година, продажбите достигнуваат 2.406.134.466 денари, што е за 4% помалку во споредба со истиот период од минатата година, информираат од Алкалоид АД Скопје.

Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3.273.226.394 денари, што е за 3% помалку во споредба со истиот период од минатата година.

„Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 14%. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата е намален за 9%.

Од вкупните консолидирани продажби, 33% се остварени на домашен пазар, додека 67% се остварени на странските пазари.

Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 10%, а на другите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

Минималното намалување на продажбите во првиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период од 2020 година се должи на подигнувањето на безбедносното ниво на залихи на лекови кај голем број наши клиенти и тоа, пред сѐ, на извозните пазари, што беше реализирано во март 2020, предизвикано од почетокот на Ковид-19 пандемијата“, велат од компанијата.

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 21%, антибиотиците со 19%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати заземаат 14% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 7%, а билкарството учествува со 2%.

“Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 514.698.816 денари, бележи зголемување од околу 12%, додека единечната нето-добивка изнесува 283.499.233 денари и е зголемена за 11%.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 606.551.018 денари и бележи раст од 12%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 346.686.179 денари е зголемена за 10%“, велат од компанијата.

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Остварените резултати во првиот квартал од 2021 година ги надминуваат зацртаните плански цели, велат од компанијата.

“Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот.

Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот“, велат од компанијата.

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на Ковид-19, велат од компанијата.

“Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото.

Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на акцијата на Алкалоид во првите три месеци од годинава стигна до 14.530 денари

За три месеци 58 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 178,8 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Египет ќе може да патуваме со електронска виза

Редакција

(Фото) Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

Редакција

Убиството во Кочани да биде квалификувано како фемицид, бараат од Платформата за родова еднаквост

Редакција