еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната на Камчев смета дека доказите против него се прибирани на незаконит начин

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ако имало било какви индиции за наводно бегство на Јордан Камчев, согласно закон била должна да го извести Бирото за јавна безбедност, а тоа требало да го извести Јавниот обвинител, изјави денеска адвокатот Тони Мениковски, по повод поднесување на Преставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка до Републичкиот судски совет.

Одбраната на Камчев смета дека доказите прибирани на незаконит начин или со кршење на слободите и правата, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука.

– АНБ нема добиено судска наредба за спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации од страна на судот, односно од страна на Врховниот суд на РС Македонија.

Дека се работи за скандалозно изрекување на најстрога мерка за обезбедување (мерка притвор), изречена врз усна белешка на доушник, и не презентирање на докази на нас како одбрана, потврдува и премиерот на РСМ, кој како носител на извршна власт и ингеренции можел да има увид во извештајот на АНБ, изјави Менкиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управа за извршување на санкции: Орце Камчев добива ист третман како и другите притворени

За што се работи во предметот „Плацеви на Водно“ во кој се води истрага за Груевски, Мијалков и Камчев

Одбраната на Јордан Камчев, осмоничен во случајот „Плацеви на Водно”, исто така наведе дека усно од страна на судијата на претходна постапка им било соопштено дека мерката притвор ја изрекуват поради соработка со бугарски агенти и план за бегство.

Притоа, адвокатот Менкиновски, наведе дека не им биле презентирани докази и прецизно појаснување на причините поради кои е лишен од слобода Јордан Камчев.

Бизнисменот Јордан Камчев, беше приведен на 14 март годинава, а ден потоа му беше изречеа мерката притвор од 30 дена како осомничен во предметот „Плацеви на Водно”.

Одредениот притвор му завршува в среда, но како што известуват медиумите, од Јавното обвинителство до судот веќе е поднесен нов предлог за продолжување на ова мерка за обезебедување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на затворот „Скопје“ демантира дека е влошена здравствената состојба на Камчев

Одбраната на Камчев тврди му е влошено здравјето и дека врз него се врши тортура

МИА/Фото: Орка холдинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица лаборанти од Клиничката болница во Штип позитивни на Ковид-19

Редакција

Кој се ќе биде дел од новата Влада: Заев денеска ќе го достави до Собранието предлог составот

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.003 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција