еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Промена на времето: Пониски температури, дожд и снег на планините

Намалување на температурата, нови врнежи од дожд и од снег на планините најавуваат метеоролозите од утре во наредните денови, како и за време на викендот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштија дека под влијание на влажен бран од утре ќе има зголемување на облачноста. Утре и в среда ќе преовладува поменливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар.

В среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот

Дневните температури утре ќе бидат од осум до 20 степени, во среда од 10 до 18, во четврток од 9 до 16 степени, во петок од 11 до 18, во сабота од 9 до 15 и во недела од 10 до 16 степени.

Утринските во среда, четврток и петок на некои места ќе бидат под нулата, односно во четврток од минус два до пет степени, петок од минус четири до три и во сабота од минус два до четири степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, дополнително пријавени уште 8

Редакција

(Фото) Митко Јанчев го прослави 38-от роденден на сопругата: „Убавите моменти се паметат“

Редакција

Детален преглед: Во 21 град во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција