еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 13 лица, дополнително пријавени уште 8

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021.

Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

Вкупниот број на починати е 7.276.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 273 оздравени од Ковид-19

Нови 656 случаи на Ковид-19 од 3.597 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, ќе има ли поскапувања?

Редакција

(Галерија) Маркантниот лик Мухамед Енуз снимаше за MM Scene Magazine

Редакција

И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на седницата за уставните измени во Собрание

Редакција