еМагазин
Image default
Свет

Нобеловци бараат привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против Ковид-19

Повеќе од 100 нобеловци и 60 поранешни шефови на држави и екс-премиери од целиот свет апелираа до американскиот претседател Џо Бајден да го поддржи предлогот на Јужна Африка и Индија за привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против Ковид-19.

Научниците и политичарите бараат привремено замрзнување на правилата на Светската трговска организација за интелектуална сопственост во врска со производството на вакцини против инфекција со коронавирусот.

Целта е да се зголеми производството на лекови за борба со пандемијата во земјите каде што недостигаат и да се забрза борбата со заразата.

Доколку тоа не се случи, многу земји нема да можат да извршат масовна вакцинација до 2024 година со сегашната стапка на производство на лекови против Ковид-19, се вели во отвореното писмо до Бајден.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И на Бадник нема прекин на борбите во Украина

Редакција

Курц поднесе оставка поради корупциски скандал

Редакција

(Видео) Ким Јонг Ун го изненади светот со нов стајлинг на средбата со Путин

Редакција