еМагазин
Image default
Македонија

200.000 кинески вакцини треба да стигнат на 28 април

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 200.000 дози од кинеските вакцини „Синофарм“ ќе пристигнат на 28 април.

Вакцинацијата освен во салата „А1 арена“ во Скопје, ќе се одвива и во другите градови како Штип, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Кавадарци, за што ќе има средба со градоначалниците и директорите на здравствените домови.

Засега, вакцинацијата ќе се одвива според веќе утврдениот план, а тоа е возраста. Согласно расположливоста со вакцини, ќе може да се вакцинираат од 7.000 до 10.000 граѓани, а Филипче очекува задоволително темпо на вакцинација пред летниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега нема потреба да правиме нарачка од српското производство на вакцината „Спутник“, вели Филипче

20.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат на 19 и 26 април

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претрес во Идризово поради сомневања за кривично правни дејствија

Редакција

Активни само пожарите во Македонски Брод и Студеничани, седум се под контрола

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ се „дистанцира“ од Арсовска: Кога не се исполнуваат очекувањата, патиштата може да се разминат

Редакција