еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи

Македонија е избрана за дестинација за патување од страна на холандските туристи. Наградата „Златна награда за дестинација за патување, земјава ја доби како резултат на гласањето на холандските туристи кои требало да ја оценат нивната посета во странска земја.

Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, потоа рестораните со 8,1 и културата со 8 од можно 10 поени. Гостопримството е оценето со 7,9, а локалитетите со 7,8. Од градовите највисоко е оценет Охрид со 8,1, а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга со 7,6, 7,5 и 7,2.

Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која го испитува задоволството од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет.

Оваа платформа е и туристичка агенција која традиционално го организира настанот „Reisgraag Awards” по повод доделувањето на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Градоначалникот на Крива Паланка ја донираше годишната плата за детско игралиште

Редакција

„Кликни си, купи си“: Производите на Лакалут, Алгасан и Доктор Тајс отсега достапни за онлајн купување

Редакција

Нaградна игра на НЛБ Бaнка со Mastercard картичките

Редакција