На Клиниката за ортопедски болести рано утрово за прв пат во историјата на македонското здравство беше направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор, информираат од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести.
Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.
Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден.
Ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Докторите и се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи
Фото: МЗ