еМагазин
Image default
Бизнис

Туристичко-угостителскиот сектор ќе протестира до исполнување на нивните барања

Туристичко-угостителскиот сектор од утре напладне почнува со протести пред Министерството за финансии кои ќе траат се до исполнување на нивните барања.

Во протестот вклучени се околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, а поддршка имаат и од игротеките, асоцијацијата на туристилките водичи и многу други. Официјален допис за поддршка од Независната угостителска комора засега немаат добиено.

И на денешната прес-конференција уште еднаш повторија дека туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка состојба и за негов спас потребна е сериозна и континуирана помош, која, како што велат, досега не е обезбедена.

– За нас прифатливо ќе биде да ни ги прифатат барањата. Шести пакет мерки се најавува, но петтиот пакет мерки беше најавен пред Нова Година, а гледаме кога се донесе. Поентата не е само да се најави нешто, туку да се изреализира и навреме да стигне онаму каде што е потребно.

Во оваа ситуација сме поради тоа што мерките не се навремени и не се соодветно креирани пакетите, истакна Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори (ССК).

Туристичко-угостителскиот сектор бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти, еднократна финансиска помош за угостителските објекти на кои веќе една година им е забранета нивната примарна дејност и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.

Од туристичките агенции, пак, бараат еднократна неповратна финансиска помош, продолжување на рокот за важење на нереализираните ваучери за патување до декември 2022 година и ваучерите од проектот „Дома си е дома“ да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции.

Од Владата најавија дека се работи на шести пакет мерки со кој ќе бидат опфатени секторите што неработат за време на овој 14-дневен период кога на сила се рестриктивните мерки.

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка лани со добивка

Редакција

Колкава плата имал лани Ангел Димитров: „Мода„ од Свети Николе ги објави примањата на менаџерите

Редакција

Собранието ги донесе законите за данокот на солидарност, за додадена вредност и за данок на добивка

Редакција