еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Фирмите ќе можат да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија, достапни 10 милиони евра

Фирмите наскоро ќе може да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија преку Развојната банка, дел од Петтиот пакет мерки, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што истакна, издвоени се 615 милиони денари или 10 милиони евра, а фирмите ќе можат да аплицираат за кредити од 3.000 до 30.000 евра.

Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработени или прометот дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант.

Преку трите бескаматни линии, кои досега беа пласирани преку Развојната банка, досега се зачувани 36.800 работни места во преку 2.700 фирми, а инјектирани се 44,1 милиони евра во стопанството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст на трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

Редакција

Пченица и брашно ќе има, нема потреба од паника, вели претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија, Малишиќ

Редакција

Двојно помалку патници со автобус во четвртиот квартал лани

Редакција