еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Двојно помалку патници со автобус во четвртиот квартал лани

Во патничкиот патен превоз во последниот квартал лани имало 10.005.000 патници, што е намалување за 51,9 проценти и во однос на истиот период од претходната година.

Според видот на превозот, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот превоз во последниот квартал лани изнесува 22.781.000 и е намален за 53,4 проценти, споредено со четвртиот квартал од 2019 година.

Во приградскиот превоз имало 17.742.000, за 48,5 проценти помалку, во меѓуградскиот 2.794.000, или за 54,8 проценти помалку, а во меѓународниот превоз со кој се превезени 141.000 патници намалувањето изнесува 78,6 проценти.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 75 проценти.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,9 проценти, во приградскиот превоз за 78,6 проценти, во меѓуградскиот за 65,6 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 70 проценти.

Кај меѓуградскиот патен превоз, според видот на превозот, 47 проценти отпаѓаат на редовниот превоз, 52,9 проценти на превоз на ученици и работници, а само 0,1 процент на туристички тури.

Најмногу патници имало во Вардарскиот регион, над 250.000, а најмалку во Пелагонискиот и Југоисточниот со над 25 илјади патници.

Во меѓународниот патен превоз, пак, 110 илјади патници односно 95,6 проценти се во редовниот превоз, 3,5 проценти или 28 илјади патници со туристички тури, 0,3 проценти или 2.000 патници биле превезени за екскурзии и шопинг тури, а на друг вид слободен превоз отпаѓаат 0,6 проценти.

Во патниот патнички превоз, како и кај останатите видови транспорт од стартот на ковид панедмијата поради рестриктивните мерки е намаленен бројот патници.

Со петтиот пакет антикризни мерки е предвидена финансиска поддршка по два основа за превозниците.

Конкретно, со седмата мерка од пакетот е најавена финансиска поддршка за меѓународните транспортери, односно компании кои вршат меѓународен линиски или слободен превоз за патници, а чиј вкупен број вработени е околу илјада и се запишани во регистарот на превозници во Министерството за транспорт и врски.

Со осмата мерка од антикризниот пакет, пак, е предвидена финансиска поддршка од 3.000 до 10.000 евра за компании кои имаат пад на приходите во 2020 година за повеќе од 50 проценти споредено со 2019 година.

Ќе се реализира скалесто во зависност од падот на приходите од 50 проценти па нагоре и е предвидена за регистрирани компании кои вршат транспорт на патници. Износот за реализација на оваа мерка е 40 милиони денари за околу 200 корисници.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските пекари најавуваат зголемување на цената на лебот по 15 август

Редакција

Текстилците најавуваат до 20% отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Редакција

Генерален штрајк во Пошта за повисоки плати

Редакција