еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков

Топ тема во Македонија е новото бегство на поранешен функционер. Овојпат ни повеќе, ни помалку, на некогашниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и еден од најбогатите бизнисмени во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Синко, да ми се јавиш кога ќе стигнеш кај Никола„: Твитер реакции за бегството на Мијалков

(Фото) Сашо Мијалков „во друштво“ на братучедот Груевски меѓу бегалците сајтот на МВР

Кој е Мијалков

Роден е во септември 1965 година во Скопје.

Средно образование завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито„ во Скопје во 1984 година.

Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 1989 година.

Магистрирал во областа бизнис администрација на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Татко е на две деца, а е во брак со македонската примабалерина Александра Мијалкова.

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

Зборува и чешки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години

Политичка кариера

Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ и пред да биде исклучен од партијата важеше за еден од најважните функционери на партијата.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија.

Од август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и на таа функција бил до мај 2015 година кога си поднесе оставка после акцијата „Диво Насеље“.

Никој не знае колку е богат

Уште пред да стане функционер, Мијалков водеше бизнис во Македонија, а подоцна и во Чешка.

Додека беше на чело на УБК, во јавноста и во медиумите се поврзуваше со различни бизниси.

Важи за еден од најбогатите бизнисмени во Македонија, но никој реално не знае колку „тежи“ финансиски и во кои се бизниси е вклучен.

Познато е дека е во бизнисот со хотелиерство, недвижни, нафта…

Против него се водат неколку судски спорови

Од пред неколку години против Мијалков се водат неколку судски случаи, покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), како резултат на „бомбите“ кои пред неколку години ги објави лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев.

Во март 2019 година беше осуден на три години затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО, а деновиве се очекува и пресудата за друг случај на СЈО, „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување, каде е исто така еден од обвинетите.

Последниве години беше неколкупати во притвор или во куќен притвор.

Тој е обвинет и во предметите на СЈО, „Трезор“ и „Тортура“, како и предметот „Империја“, каде е еден од осомничените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Членови на семејството и обезбедувањето на Мијалков повикани на информативен разговор

Обвинителство се сомнева дека некој му дојавил на Мијалков за притворот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 50.000 жртви во земјотресот на турско-сириската граница

Редакција

Каков имот пријавил Ханиф Зендели, кој е избран за нов заменик претседател на Судскиот совет

Редакција

ДОМ ќе ја напушти Владата ако се прифати „францускиот предлог“

Редакција