еМагазин
Image default
Македонија

335 лица до 19 години за една недела заболеле од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 12 до 18 април 2021 година регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%).

Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Намалување од 24,3%: За една недела 5.199 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суспендиран полицаец кој порача „седете дома клошари“, пријава за прилепчанец кој лажно се престави како полицаец

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Редакција

Убава вест: 761 оздравени од Ковид-19

Редакција