еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Намалување од 24,3%: За една недела 5.199 нови случаи на Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 12 до 18 април 2021 година, тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намување од 20,4% во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола.

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

335 лица до 19 години за една недела заболеле од Ковид-19

11 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 127 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Редакција

Путин обвини дека Украина е поврзана со нападот во Москва, таа вели дека тој стои зад истиот

Редакција