еМагазин
Image default
Локално

26-годишник од Врапчиште злоупотребил лични податоци на две лица за да им наштети

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот 26-годишник од Врапчиште, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица.

Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно име на социјалната мрежа Инстаграм и на тие профили ставил лични податоци и фотографии од оштетените, со цел да им наштети на нивните чест и углед, се вели во соопштението од ОЈО.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје повика Советот денеска да закаже седница за да се изгласа одлука за пренамена на средства за плати за ЈСП

Редакција

Кои улици ќе бидат затворени поради Советот на ОБСЕ: Денеска и утре, посебен сообраќаен режим

Редакција

Татко си ја бара малолетната ќерка која побегнала со момчето

Редакција