еМагазин
Image default
Македонија

Собранието донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата

Собранието попладнево донесе неколку предлог-одлуки и еден дополнет предлог закон, кој се однесува на четвртиот пакет економски мерки, во рамки на 39. седница.

На почеток, со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, беше донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

По неа, следеше донесување на две одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.

Во продолжението на седницата беше донесен и дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни. Законот е дел од четвртиот пакет економски мерки.

На дневниот ред на 39 седница, се најде и предлог на закон за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Министерот за здравство Венко Филипче образложи дека со овој закон се ограничува сумата која пациентите ја плаќаат во приватните болници. Ограничувањата, како што објасни, се на ниво на цените на пакетите што Фондот за здравствено осигурување ги плаќа кон здравствените установи, а тоа е од 40 до 300.000 денари.

– Се забранува преминување на кадар од јавно во приватно здравство за време на прогласена пандемија и се надминува оној проблем кој произлезе од Законот за управување со кризи, кој укажуваше дека ресурсите на приватните установи во ситуација на криза, кога државата ги користи, за тоа наплаќа соодветен процент. Со законот, ресурсите се користат целосно бесплатно, појасни Филипче.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишен македонски државјанин загина кај Врање, а еден е полесно повреден

Редакција

Оптимизам по средбата на Заев со Алијанста на Албанците и Алтернатива за законот за државјанство

Редакција

Министерство за правда: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа по ТВ-дуелот

Редакција