еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Македонската почва не е толку загадена за да биде ризик по безбедноста на храната, вели професорот на Земјоделски факултет, Чукалиев

За спроведување на Национално утврдените придонеси за исполнување на Договорот од Париз, со кој, Македонија се обврзува да ја намали емисијата на стакленички гасови на 51 проценти до 2030 година, потребно е најпрво државата да престане да ги користи фосилните горива и во фокусот да бидат обновливите извори на енергија, истакна Наташа Марковска од МАНУ на настанот #ВозможноЕ, кој УНДП го организираше заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Брзи мерки, кои би биле во насока на намалување на стакленичките гасови се и воведување на данок за емиисии на јаглерод диоксид, со што, производството на електрична енергија од фосилни горива нема да биде економски исплатливо.

Од големо значење е и енергетската ефикасност на станбените објекти за живеење на граѓаните и праведна транзиција која ќе овозможи, финансиска помош за најранливите категории на граѓани, бидејќи доколку енергетската трансформација биде на нивен трошок, таа ќе биде неприфатлива за нив.

Според Александар Дединец од МАНУ, националниот придонес кон намалување на стакленичките гасови е почнувањето на работа на Чебрен и Вардарска долина, кои би ја користеле водата за производство на струја.

Користењето на гасот во индустриските капацитети исто така би придонел кон намалување на емисијата на стакленички гасови, бидејќи засега е најдостапниот енергенс кој би го заменил јагленот.

Тој ја потенцираше и електрификацијата на транспортот, сектор кој многу влијае врз зголемување на емисијата на стакленички гасови.

Говорејќи за загаденоста на почвите, професорот на Земјоделски факултет, Ордан Чукалиев истакна дека во Македонија нема толку загадени почви кои би претставувале ризик за безбедноста по храната, која се одгледува. Тој исто така истакна дека земјоделците во државата се повеќе од свесни за климатските промени и сами бараат решенија и прилагодување.

Владата на една од неодамнешните седници го усвои ревидираниот Национален придонес кон Договорот од Париз, што е од значење и во однос на привлекување на инвестиции за проекти за зелена економија и исполнување на Зелената агенда за Западен Балкан.

Оваа година треба да биде донесен и Законот за климатска акција, како и Стратегијата за климатска акција, при што ќе се следи што е спроведено од 63 предложени мерки.

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета во државата определено средства за зелена еконимија, како преку буџетот така и преку соработката со ЕБОР,  но и заемот од 25 милиони евра од Светска банка кој ќе се однесува на енергетска ефикасност во јавните субјекти. Како проекти кои ги истакна се фотонапонскиот систем во Осломеј, гасификацијата, но и даночната реформа треба да дефинира решение за данокот за јаглерод диоксид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанец ја принудувал малолетната девојка на проституција

Редакција

Кој е Зоран Димитровски, старо-новиот заменик министер за локална самоуправа

Редакција

Ќе има ли двотретинско мнозинство: Уставните измени во рацете на Беса

Редакција