Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски јавно се спротистави на премиерот Зоран Заев за рамковните вработени, кои повеќе од 10 години, не работеа, а земаа плата, а сега се распоредуваат по државните институции, и ги доби симпатиите на јавноста и на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев ќе побара разрешување на Пауновски поради одбивањето да прифати дел од рамковните вработени
Пауновски посочи дека и по цена да биде сменет од функцијата, нема да попушти и дека нема да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, кои за вработување му ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, од проста причина како што објасни за Сител, што овие лица немаат соодветно образование и дека сакаат канцелариска, а не теренска работа.
Заев пак му порача да не биде толку гласен и да го спроведе тоа што е договорено.
Еве дел од твитовите:
Ни требаат повеќе вакви луѓе. Секоја чест pic.twitter.com/aQ3gbqIpi8
— Безценна (@DeboraSkunk) April 23, 2021
Имате уште многу да учите од Пауновски, вие милкшејк функционери.
— v0ki (@voyoob2) April 23, 2021
Да имаше повеќе вакви примери може и ќе бидеше нешто од нас pic.twitter.com/fiX1sZoLt2
— Ракија (@EdnaRakija) April 23, 2021
Што знам, ако нема место за рамковни административци, дали можда премиерот помислил да им даде отказ на тие!?
Онака како опција да размисли.
— Man (@goranman2) April 23, 2021
Фото: Влада