еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Евакуирани со воени авиони повеќето од македонските државјани во Авганистан

Повеќето од евидентираните македонски државјани во Авганистан, со воени авиони се евакуирани од Кабул, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Педесетина граѓани на РС Македонија во текот на ноќта и изутрината се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а утрово уште 19 наши граѓани се на пат за Доха. Сите потоа со редовни цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава.

-Според последните информации на терминалите на аеродромот во Кабул веќе нема наши граѓани кои чекаат да бидат евакуирани. Во НАТО базата во Кабул која се наоѓа буквално залепена до аеродромот се наоѓаат уште 14 наши државјани, 11 од нив наскоро треба да бидат ставени во планот за евакуација, а само уште тројца наши граѓани по нивно барање остануваат да ги  вршат своите обврски во базата и ќе бидат евакуирани заедно со војската од базата.

Во сите овие места и градови каде се упатуваат нашите граѓани активирана е дипломатската мрежа со цел да се асистира ако се појават некои предизвици на нивниот пат кон дома, рече Османи.

Тој додаде дека Министерството за надворешни работи продолжува и понатаму да ги следи состојбите на терен, и очекуваат дека сите наши граѓани ќе бидат извлечени и безбедно ќе се вратат дома.

-Сепак остануваме подготвени за секакво сценарио со отворени алтернативни можности од нашите пријателски земји за евентуална вонредна евакуација на нашите граѓани, рече тој.

На новинарско прашање за тоа кога се очекува нашите граѓани кои се враќаат од Авганистан да пристигнат во земјава, додаде дека тоа зависи од распоредот на нивните летови, а дали ќе има потреба од карантин, вели, тоа ќе зависи од нивниот вакцинален статус и други епидемиолошки карактеристики.

Информира дека од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во Владата е формирано Координативно тело во кое се вклучени и министри кои покриваат прашања од овој домен и кое ќе одлучува согласно ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Тажни сцени од Авганистан: Луѓе паѓаат од крила на авион обидувајќи се очајно да избегаат од земјата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени се 1.491 болни од Ковид-19

Редакција

„Монструм“ продолжува на 17 јанауари со прикажување на ПИМ мерките

Редакција

Македонските ученици кои ги погоди земјотресот во Турција утре тргнуваат за Скопје

Редакција