еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските ученици кои ги погоди земјотресот во Турција утре тргнуваат за Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција информираше дека сите македонски ученици кои ги погоди силниот земјотрес во Турција, се во добра состојба, тие во моментов патуваат кон Анкара, каде ќе ја поминат ноќта, а утре тргнуваат за Скопје.

Министерот наведе дека учениците се од Тетово, Гостивар и од Општина Маврово-Ростуше.

Османи додаде дека детето кое беше повредено е во добра здравствена состојба и оти нема скршеници. Укажана му е лекарска помош при што е направена само имобилизација на екстремитет.

-Утринава некаде во два часот по полноќ нашиот дипломат ми испрати слика заедно со учениците, сите се здрави, добри и веќе се тргнати накај Анкара, вечерва ќе останат таму, а утре ќе тргнат со автобус за Скопје.

Сите се во добра здравствена состојба и повредениот којшто добил здравствена грижа е добар без потреба од некаква хируршка интервенција, сите заедно се тргнати, веќе се на пат за Анкара. Очекуваме да стигнат во Скопје, па ќе се грижиме за нив, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки снимки од дрон од ужасот на земјотресот во Турција и Сирија

Владата најави помош и за Сирија, се утврдува што е потребно

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се затвораат ковид центрите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија

Редакција

(ВИДЕО) Стотина лица без маски и без дистанца се журкаа пред Музејот на Македонија, МВР најавува казни

Редакција

(Фото) Една недела по К2, Кедев го искачи и врвот Team Broad 8.047: Уште еден во низата „осумилјадарки“

Редакција