еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ со поглем рејтинг од СДСМ

Прашани за која политичка партија ќе гласаат на локалните избори, 22,4 отсто од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ.

Поддршката за ДУИ и Алијанса за Албанците е 8,0 отсто, односно 6,2 отсто, а за Левица 5,2 проценти, покажале резултатите од последното истражување на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) „Доверба во Владата и локални избори“, во делот на локалните избори.

Резултатите покажале и дека вкупно една третина од граѓаните или 34 проценти е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија. Од нив, 15,2 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, а 15,9 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. Најмладите се најбројни меѓу оние за кои е неизвесно за кого ќе гласаат со процент од 37,3 отсто.

За МЦМС, анкетата ја спровел М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на МЦМС: За половина од граѓаните сегашните градоначалници не заслужуваат да бидат реизбрани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

234 лица од заболените од коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Тодоров: Ниту сум разговарал со пратеници да гласаат, ниту планирам да разговарам со други за повторно да гласаат

Редакција

Брза помош во Кривичен на судењето за насилството во Собрание, му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ

Редакција