еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на МЦМС: За половина од граѓаните сегашните градоначалници не заслужуваат да бидат реизбрани

Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат и градоначалниците кои со нив управуваат. Малку над половината или 50,6 отсто имаат доверба за разлика од 47,5 отсто од граѓаните кои немаат доверба.

Етничките Албанци со 74,3 проценти и припадниците на другите заедници со 59,1 проценти имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци, кај кои таа доверба изнесува 41,3 проценти.

Ова го покажале резултатите од последното истражување на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) „Доверба во Владата и локални избори“, во делот за локалните избори.

Анализите на овие податоци покажале дека половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран. Така, вкупно 57,0 отсто од етничките Албанци сметаат дека нивниот градоначалник заслужува да биде реизбран за разлика од 37,9 проценти од етничките Македонци.

Симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат дијаметрално спротивни ставови за реизборот на градоначалниците. Имено, 81,8 отсто од симпатизерите на СДСМ сметаат дека градоначалниците заслужуваат нов мандат, додека 87 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие не заслужуваат да бидат реизбрани.

Според резултатите од направеното истражување на МЦМС, тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев – Кавадарци, Арбен Таравари – Гостивар и Максим Димитриевски -Куманово.

За нив се изјасниле 10,5 отсто, 7,5 отсто односно 6,8 отсто од испитаниците. Етничката припадност и афинитетите кон одредена политичка партија влијаеле на одговорите. За вкупно 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1 процент од испитаниците, додека 14 градоначалници воопшто не се спомнати.

За МЦМС, анкетата ја спровел М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ со поглем рејтинг од СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) 38 роденден: Како тоа го прават македонските „Тигри“

Редакција

Ивор Мицковски: Како прв чин на соочување со лажните вести, партиите да се откажат од предизборните ветувања

Редакција

Малолетничка тепана и продавана за секс, уапсени пет лица

Редакција