еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за поткуп за инспектор од Тетово и негов помагач

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 22.04.2021, соопштија денеска од МВР, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од сопственик на правен субјект во Кичево, побарал и добил 200 евра, со цел да му изготви записник за инспекциски надзор во фирмата во кој ќе констатира дека нема неправилности во нејзиното работење.

Второпријавениот, во просториите на неговата фирма со седиште во Кичево, наведуваат од МВР, му овозможил на А.Р. да ги земе парите од поткупот по што ги скрил во својата канцеларија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центарот за странски јазици – Скопје, единствен овластен испитен центар за испитите ИЕЛТС, Аптис и АЦЦА на Британскиот совет

Редакција

Кривични пријави за монструми од Струмица: Силувал малолетничка додека другар му снимал со мобилен

Редакција

Црни дамки од прославата за „Вардар“: Девојка изгорена од пиротехника, оштетено возило на МВР

Редакција