еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најдобра заштита од Ковид-19 која сами можете да ја направите е да го намалите обемот на струкот, порачува Беќаровски

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил порачува дека најдобра заштита од Ковид-19 која сами можеме да ја направиме е да го намалиме обемот на струкот.

“Пред една недела Ве замолив да не влегувате во ЦИНКоманија. Еве и научна потврда. Најголем ефект сепак имаат пробиотиците, јас би додал само природни !!!

Витаминските суплементи, Д витаминот, Омега-3, ако воопшто имаат улога во превенцијата и исходот од Ковид-19, ИМААТ САМО КАЈ ЖЕНСКИОТ ПОЛ.

Почитувани претставници на појакиот пол, најдобра заштита која Вие можете самите да ја направите, за да намалите еден значаен ризик фактор за развој на тежок облик на Ковид-19, Е ДА ГО НАМАЛИТЕ ОБЕМОТ НА ВАШИОТ СТРУК <105 см.

За дамите <80 см.

А тоа што државата мора веднаш да го обезбеди, веќе го знаат и децата, вакцина за секого“, пишува тој.

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Лазаров поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „спукаа“ околу „бомбите“: Кој е поголем криминалец?

Редакција

Се излеваат Вардар, Крива Река и Пчиња: УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките

Редакција