еМагазин
Image default
Бизнис

Угостителите со Иницијатива до Народната банка за менување на законските прописи

Независната угостителска комора (НУК) достави Иницијатива до Народната банка за промена на законските акти и прописи со што ќе им се дозволи на комерцијалните банки да извршат делумно отпишување на обврските за угостителската индустрија, намалување на каматите на кредитите и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година, заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година.

Според НУК, банките во моментов поради постојната законска регулатива не се во можност самостојно да излезат во пресрет на потребите на угостителската индустрија и да направат дополнителни одлагања на обврските односно репрограмирање на доспеаните долгови по основ на користени кредити.

-Очекуваме во најбрз рок да предложите и изработите системски решенија и правни акти со кои ќе им дозволите и ќе им препорачате на сите банки да извршат делумно отпишување на обврските, намалување на каматите на кредитите за угостителската индустрија и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година за една година со што ќе се овозможи на угостителите кои тонат во обврски да можат да се реструктуираат и да ја вратат својата финансиска кондиција како би се створиле услови да ги подмируваат редовно обврските кон добавувачите, вработените и банките, се наведува во Иницијативата испратена електронски до гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска.

НУК очекува Ангеловска-Бежовска да ги покани на работна средба на која детално би биле
образложени потребите на угостителската индустрија.

-Веќе подолго од година дена соочени со пандемијата Ковид-19, угостителите, угостителските
работници и целокупната угостителска индустрија трпи енормни загуби и штети.

Поради забраните и ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа, поголемиот дел на угостители не се во можност да остварат доволно приходи со кои можат навремено и целосно да ги подмират своите обврски вклучувајќи ги и инвестициските обврски за кои угостителите се корисници на краткорочни и долгорочни кредити во повеќе македонски банки во износ на скоро 100 милиони евра.

Покрај угостителите и угостителските работници имаат преполовени или се останати целосно без своите редовни приходи, пишува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Јосифовски додава дека во изминатиот период дел од банките излегоа со парцијални решенија за репрограмирање на обврските на угостителите и угостителските работници.

-За жал, никој од нас не очекуваше дека ковид-пандемијата ќе трае толку долго за што понудените периоди на одлагање на доспеаните обврски и нивното репрограмирање истекоа.

Голем дел од нас се во ситуација од ликвидни и солидни да станат неликвидни фирми, со зголемени обврски по разни основи, вклучувајќи ги и обврските по основа на користени краткорочни и долгорочни кредити, наведува Јосифовски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците викендов се соочија со проблем во Грција: Грчката апликација не ги препознава ковид-сертификатите, се проверуваат рачно

Редакција

Цената на становите во плафон: Вреди ли да ги преплатите прескапо?

Редакција

Домаќинското осигурување е деловен партнер во секојдневниот живот

Редакција