еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Првата анти-ковид капсула на „Фајзер“ на пазарот би можела да се најде до крајот на годинава

Првата анти-ковид капсула што ја подготвува „Фајзер“ би можела да се најде на пазарот до крајот на годинава доколку резултатите од испитувањата врз луѓето во САД и Белгија се покажат успешни, објави „Дејли мејл“.

Автивирусниот лек наречен ПФ-07321332 би се давал да се спречи развој на болеста на лица кои се веќе инфицирани од вирусот.

Експерименталната капсула „Фајзер“ веќе ја испитува на луѓето. Во првото испитување на капсулата коешто завршува на 25 мај се вклучени 60 лица.

Ако се покаже дека капсулата е безбедна, таа ќе биде дадена на поголеми групи луѓе за да се комплетираат клиничките испитувања пред да биде одобрено нејзина масовна употреба.

Целата сторија на „Дејли мејл“ ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција

Полицијата употреби драконски мерки, голем број Бугари беа спречени да дојдат, оцени бугарскиот министер Демерџиев

Редакција

Околу 30 проценти од граѓаните ја одбија понудата на банките да одложат плаќање на кредити

Редакција