еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Пад на цената на становите во Центар, пораст во Карпош и Аеродром во периодот 2017-2020 година

Пад на просечната цена на становите во општина Центар има во периодот септември 2017-септември 2020 година, покажува споредбата на податоците од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини.

Во овој тригодишен период, има пораст на цените на станбениот квадрат во општините Карпош и Аеродром.

Имено, заклучно со септември 2017 година просечната цена на истргуваните станови во Центар била 60.598 денари по квадрат, во Карпош била 55.521 денари, а во Аеродром 51.512 денари.

Три години подоцна, просечната цена на истргуваните станови во Центар била 58.489 денари за квадрат, во Карпош била 57.414 денари за квадрат, а во Аеродром била 55.037 денари за квадрат.

Податоците на Катастарот откриваат и дека заклучно со септември, 2020 година на пазарот имало 6.923 станови кои што се изградени, а не се продадени. Исто така, биле издадени 13.505 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на изградба и дека наскоро би се нашле на пазарот на недвижнини.

Во извештајот на Катастарот за третиот квартал од 2020 година се констатира дека понудата на нови градби ја задоволува побарувачката на нови станови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на становите ќе растат: И градежниците бараат посебни мерки за поддршка од државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на патарините во Македонија ќе остане иста

Редакција

Камчев изврши предавство на народот на Македонија, вели американската амбасадорка Агелер

Редакција

Владата ги спои концесиите за експлоатација на бакар и злато во Иловица и Штука

Редакција