еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За празничниот викенд температури над 30 степени

Изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја најавува за утре Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР).

Потоа до понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени.

Во ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Како што најави претходно УХМР, попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

За утре УХМР прогнозира дневни температури до 30 степени, за во сабота и недела до 31, односно 33, а за понеделник исто така до 31 степен.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен

Редакција

По синоќешниот земјотрес превентивно затворена детска градинка во Битола

Редакција

Посмртните останки на Панко Брашнаров, кој го отвори првото заседание на АСНОМ останаа во Загреб

Редакција