еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Србија и донираше на Македонија 13.000 дополнителни вакцини „Спутник“

Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48.000 вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.

Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Северна Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

– Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност, оцени Брнабиќ.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Соборот на СПЦ прогласи канонско единство со МПЦ-ОА

Редакција

Македонија доби амбасада во Братислава, Словачка е за неодложен старт на преговорите со ЕУ

Редакција

Поранешниот претседател на ДИК, Деркоски, доби ослободителна пресуда за набавката на софтвер за следење на изборните резултати

Редакција