еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект на Бит Пазар, приведени 15 лица

На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, соопшти МВР.

Тие биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време.

„Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен и, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец лажно се претставил како Американец пред полицајци

Редакција

Претрес во велешко: Приведено лице поради палење автомобил

Редакција

(Фото) МВР откри 100 килограми марихуана во Росоман

Редакција