Армијата ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење пожар на непристапен терен над село Галичник, за чие избувнување е добиена информација денеска околу 13:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
ГАЛИЧНИК ГОРИ @StojanceAngelov @SPendarovski
Од 11Ч СЕ ЧЕКА НА ПОЖАРНА pic.twitter.com/yaWPMw6f4b
— Аура (@LazhenProfil) May 2, 2021
Од ЦУК информираат, дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.
„Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), локалните единици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи“, се додава во соопштението.
Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.
МИА/Фото/Видео:Архива/АРМ/Твитер/Аура