еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изрешетан полицаец во Велес

Полицаец од СВР-Велес претпладнево околу 10:15 минути пет пати бил застрелан со огнено оружје во близина на велешката црква „Св. Спас“, потврдија од СВР-Велес.

На 46 годишниот М.Е, кој итно е пренесен во Хируршката амбуланта при велешката Општа болница укажана му е прва помош, но поради сериозноста на повредите е препратен на лекување во Скопје.

Доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница информира дека повредениот полицаец кој бил донесен во болницата нешто по 11 часот се здобил со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено и засега е вон животна опасност.

Од СВР Велес информираа дека нивни екипи се на лице место и вршат истрага.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за изрешетаниот полицаец во Велес: Му го зел пиштолот и пет пати го застрелал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Советот на јавни обвинители ја разреши од функцијата јавен обвинител

Редакција

Состојбата со Ковид-19 е стабилна, актуелните мерки продолжуваат, велат од Комисијата за заразни болести

Редакција

Нови 284 случаи на Ковид-19 од 1.258 тестирања, бројот на активни случаи 11.457

Редакција