еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Мост во Тетово остана без дел од оградата

Падната е една од оградите на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица. Граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата јавиле за проблемот во пожарната и полицијата.

-Околу 18 часот добивме повик од граѓаните дека е падната оградата од мостот. Интервениравме веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Граѓаните кои се обратија до нашата редакција информираа дека оваа ограда веќе подолго време била нестабилна и се нишала.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како Охриѓани реновираат купатило: Кадата ја фрлат во езеро

Редакција

Две лица тепале скопјанец на улица „Бутелска“

Редакција

На нива со пченка во Слатино засадил 50 стебла марихуана

Редакција