еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот македонски амбасадор, Махи Несими ја тужи државата поради лустрација

Поранешниот македонски амбасадор во Хрватска, Махи Несими, денеска во Граѓанскиот суд Скопје, поднесе тужба против Македонија, затоа што, како што тврди, е крајно оштетен со решението на Комисијата за верификација на фактите.

По првото рочиште во Граѓанскиот суд, Несими посочи дека со решение на Управниот суд, тој е прогласен за невин и врз основа на тоа денеска поднесол тужба за надомест на претрпената штета.

– Не сакам да кажам ништо, не сакам ништо да прејудицирам, како што не кажував ни во текот на 7-8 години на судењата во Управниот суд. Јас побарав една разумна отштета со оглед на тоа каква штета ми е нанесена не само мене, туку и на целото семејство.

Тогашниот режим произведе инквизитори, а сега е редно државата тоа дејствување на режимот и инквизиторите да го плати. Мислам дека мојата лустрација имаше политичка позадина, тоа е докажано и во суд, изјави Несими.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари ако тоа не го направи власта

Редакција

Нови рочишта за „Траекторија“, „Тендери“ „Тарифа“ и раздвоената постапка за „Насилство во Општина Центар“ на СЈО

Редакција

Заев им честита на граѓаните и пратениците за преземената одговорност

Редакција