еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Вељуса се затворил дома откако прободел соселанец, полицијата го приведе со димни бомби

По повеќечасовно убедување и преземање мерки попладнево околу 18 часот полицијата го лиши од слобода Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Осомничениот, откако дошла полицијата да го расчисти случајот, се затворил во својот дом и по десет часови Д.Г. е приведен и се наоѓа во Полициската станица во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, го потврди настанот и приведувањето на осомничениот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.

Според информации на МИА од очевидци од селото Вељуса осомничениот е уапсен откако полицијата употребила димни бомби.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кавадарци вработува 16 лица, плата до 37.631 денари

Редакција

Чуваат во банка над 30.000 евра: Расте бројот на „богаташи“ во Македонија

Редакција

Не чека најтешката зима по Втората светска војна, струјата ќе поскапува, вели Ковачевски

Редакција