еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи: Полицискиот час од утре од 23:00, угостителите ќе работат до 22:30

Забраната за движење од утре наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден, а угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи, одлучи Владата на вечерашната седница.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2, соопшти владината прес служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Редакција

Откако ја „вжештија“ атмосферата, преставниците на македонските Бугари сега ќе посредуваат за „смирување на тензиите„

Редакција

„Кочан ѕвонел в затвор, никој не му кревал…“: Твитер реакции зошто бизнисменот се уште не е во Идризово

Редакција