еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Вељуса се затворил дома откако прободел соселанец, полицијата го приведе со димни бомби

По повеќечасовно убедување и преземање мерки попладнево околу 18 часот полицијата го лиши од слобода Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Осомничениот, откако дошла полицијата да го расчисти случајот, се затворил во својот дом и по десет часови Д.Г. е приведен и се наоѓа во Полициската станица во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, го потврди настанот и приведувањето на осомничениот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.

Според информации на МИА од очевидци од селото Вељуса осомничениот е уапсен откако полицијата употребила димни бомби.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина ќе ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната за увоз на храна

Редакција

Нови 378 случаи на Ковид-19 од 2.560 тестови, 58 се реинфекции

Редакција

Хамас држи од 200 до 250 заложници, бара ослободување на 6.000 Палестинци од израелските затвори

Редакција